Во извештајот на три страници за банкарскиот и финансискиот систем на Авганистан, во кој имале увид некои западни медиуми, Програмата за развој на ОН (УНДП) наведува дека економската цена од колапсот на банкарскиот систем и последователно негативното социјално влијание би биле колосални.
Ненадејното повлекување на голем дел од странската развојна поддршка откако талибанците ја презедоа власта на 15 август од авганистанската влада поддржана од Западот, ја доведе економијата во слободен пад, вршејќи сериозен притисок врз банкарскиот систем кој постави неделни лимити за повлекување на средства со цел да го запре подигнувањето на депозитите.
– Треба да најдеме начин да гарантираме дека ако го поддржуваме банкарскиот сектор, нема да ги поддржуваме талибанците, изјави Абдалах ал-Дардари, шеф на УНДП во Авганистан.