Шефот на набљудувачката мисија на Обединетите нации за човекови права во Украина, Матилда Богнер, денеска потврди дека бројот на убиени цивили од почетокот на војната во Украина е со илјадници поголем од официјалната бројка од 3.381.
-Работиме на проценките, но сè што можам да кажам досега е дека бројката е за илјадници поголема од оние што ви ги даваме, изјави Богнер.
-Големата црна дупка е Мариупол. Имаме тежок пристап таму и не можеме да добиеме информации, додада таа.