Агенцијата на ОН за миграција соопшти дека целта на вакцинацијата е околу 7.500 мигранти сместени во центрите во провинциите Аден и Мариб, но оти тоа не е доволно.

Шефицата на мисијата на ИОМ во Јемен, Криста Ротенштајнер, рече дека сè уште нема доволно дози за да се заштитат сите во Јемен од Ковид-19 и побара поголема поддршка од меѓународната заедница за снабдување на земјата со вакцини.

Агенцијата на ОН проценува дека околу 36.000 мигранти се заглавени во Јемен и оти многу од нив спијат во преполни и нехигиенски центри, каде што вирусот лесно може да се шири.

Од почетокот на пандемијата, Јемен пријавил повеќе од 10.000 инфекции со коронавирус и најмалку 1.972 смртни случаи во области контролирани од меѓународно призната влада.

Граѓанската војна во Јемен, која започна во 2014 година кога бунтовниците го зазедоа главниот град Сана и поголемиот дел од северот на земјата, загинаа повеќе од 200.000 луѓе. Војната ја предизвика најголемата хуманитарна криза во светот, со милиони гладни луѓе.