Како што е наведено, оваа помош се однесува на болниците, училиштата, водоводната и канализациска мрежа, како и друга инфраструктура уништени или оштетени за време на неодамнешниот конфликт меѓу Израел и исламистичкото движење Хамас.
Лин Хастингс, задолжена за координација на хуманитарните потреби во Газа, на онлајн прес-конференција апелираше до донаторите да бидат дарежливи во помошта за 1,5-милионското население во Појасот Газа.
Таа кажа дека поради најновата војна 800.000 лица немаат редовен пристап до вода за пиење од чешмите и дека непречистената канализациска вода се испушта во морето, дека се оштетени 58 образовни институции, вклучувајќи и 285 згради со повеќе од 1.000 станови и канцеларии.
Шест болници и здравствени центри, исто така, се оштетени, а струја има само шест часа дневно.
– Потребни се 95 милиони долари за набавка на храна, здравствена заштита, лекови и медицински материјали и за брзо обновување на дел од инфраструктурата, рече Хастигнс, додавајќи дека се уште се проценува што ќе биде приоритет во обновата.
Поголемиот дел од парите ќе бидат наменети за Појасот Газа, а дел за другата палестинска територија – Западниот брег, главно за помош на ранетите лица, за помош во пари, како и за психосоцијална помош и заштита.
Координаторката на ОН истакна дека најважно е да се спречи продолжување на непријателствата.