Брзо и лесно надополнување од дома

ЈСП Скопје ја воведе можноста за онлајн надополнување на картичките преку официјалната веб страна skopjebus.mk, соопштија од претпријатието.

„Имаме одлична новина за сите патници! Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ директно преку нашата веб страна — без чекање, без редици и без одење до продажно место“, велат од ЈСП.

Надополнувањето може да се направи од телефон или компјутер, брзо и удобно, од дома или било која локација што им одговара на патниците.

Предности на новата функционалност

Со новата опција, патниците добиваат:

  -Онлајн надополнување со билети и/или средства

  -Брза постапка во неколку едноставни чекори

  -Нема редици и нема потреба од физичко присуство

  -Достапност од телефон или компјутер

  -Удобно планирање на патувањата однапред

„Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути за да ја завршите постапката од удобноста на вашиот дом“, додаваат од ЈСП.

Како да ја надополните картичката

  -Влезете на skopjebus.mk

  -Изберете „Надополни картичка“

  -Внесете ги потребните податоци за картичката

  -Одберете дали сакате билети или износ (средства)

  -Потврдете и завршете ја постапката

Со оваа нова функционалност, ЈСП Скопје го олеснува користењето на јавниот превоз и ги скратува времето и грижите на патниците.