Опасен TikTok предизвик се шири меѓу младите

Опасен TikTok предизвик се шири меѓу најмладата генерација, а докторот Нико Беќаровски упати сериозно предупредување до родителите. Ваквиот предвик на оваа платформа вклучува земање големи дози на парацетамол кои можат сериозно да им наштетат на младите.

Почитувани, водете сметка! Од почетокот на оваа година се шири изминорително опасниот предизвик на TikTok, кој води до труење со парацетамол!”

Опасните последици од претерано земање парацетамол

“Само 10-15 таблети можат да призведат оштетувања на црниот дроб. 20-40 таблети резултираат со сериозни оштетувања, а земањето на повеќе од 50 често води до смрт.”

Превенција и итни совети поврзани со труење

“Доколку се сомневате дека дете се труело, во рок од 2-4 часа дадете 10 таблети медицински јаглен и АЦЦ (две кесички), и веднаш барајте медицинска помош.”

Апел до родителите

  • “Контролирајте што пратат вашите деца на друштвените мрежи! Една совета може да спаси живот!”

Неговата објава за новиот опасниот TikTok предизвик погледнете ја во продолжение:

Ваквиот тренд го отвори прашањето: Дали треба да се забрани ТикТок во Македонија како што тоа го направи Албанија?

Целосна блокада на ТикТок во Албанија: Владата презема радикални мерки по убиството на ученик

За потсетување, Албанија го блокира ТикТок за една година, поради влијанието на социјалните мрежи врз насилството меѓу младите. Одлуката следи по убиството на 14-годишен ученик во Тирана, кое е поврзано со расправија на социјалните мрежи. Владата најави дополнителни мерки за заштита на децата и подобрување на дигиталната безбедност.