Еко активисти кои се плашат од реваншизмот и последиците кои може да ги имаат, тврдат дека министерката за Одбрана, Славјанка Петровска може да изнуди провокација од УНЕСКО и губење на статусот на Охрид како заштитено подрачје, пренесува Expres.mk
Министерката за одбрана Славјанка Петровска го провоцира УНЕСКО и го става во опасност статусот на Охрид како заштитено подрачје, тврдат еколошки активисти кои се плашат јавно да говорат за проблемот поради страв од реваншизам.
Според нивните тврдења Министерството за одбрана под раководство на министерката Петровска ќе гради во најзаштитениот дел од Охридското езеро.
Министерството за одбрана на крајот на минатата година договорило градежни активности во реонот на Студенчишта река, денес позната како Каналот Студенчишта.
За овој зафат на министерството за одбрана кое го раководи во јавноста речиси да нема информации.
Според информациите на expres.mk министерството за одбрана планира сложени градежни активности во реонот познат како Студенчишко Блато конкретно на левата страна на каналот Студенчишта.
Овој реон е заштитено природно и културно подрачје од прва категорија и секој градежен зафат во него значи можност УНЕСКО да го одземе статусот на Охрид кој сега е под специјална заштита.
Според планот на министерството за одбрана таму треба да се вршат градежни работи од голем обем кои значително ќе влијаат на природните состојби.
Извори во министерството за одбрана тврдат дека се работи за проект вреден најмалку половина милион евра за кој во детали е запозната и министерката Петровска која дала дозвола за градбата во заштитениот појас на Охридското езеро.
Во овој дел од имотот на Министерството за одбрана сега се издаваат плацеви за паркирање на чамци и бродчиња што дополнително ја загрозува животната средина во заштитениот дел од Охридското езеро.
Охридските еколошки здруженија засега молчат за скандалот.
- УЕФА ИЗБРА: Белград ќе биде домаќин на финалето на Лигата на Европа, Минхен и Барселона ја добија ЛШ
УЕФА, управното тело на европскиот фудбал, за денес закажа состанок на Извршниот комитет во Солун, Грција, на кој ќе се… - Филипче: Ќе поднесеме предлог во Собранието за помош на лозарите
Лозарите се соочуваат со ситуација во која вложениот труд, средствата и целогодишната работа им пропаѓаат пред очи, а власта не… - (ВИДЕО) МИХАИЛОВ ПО АПСЕЊЕТО НА ДРВОКРАДЦИТЕ КОИ НАПАДНАА ПОЛИЦАЈЦИ ВО БАНСКО: Најчесто завршуваат вака!
Заменик-директорот на „Национални шуми“, Кире Михаилов во објава на социјалните мрежи реагираше на последните случаи на напади врз службени лица… - ВО АВГУСТ ИМАЛО 606 ПРЕКРШОЦИ СО ТРОТИНЕТИ: Одземени биле 18
Вкупно 606 прекршоци сторени од возачи на електрични тротинети се евидентирани во засилените сообраќајни контроли што Министерството за внатрешни работи… - НИЗОК ОПФАТ НА МРП ВАКЦИНА ВО КУМАНОВО: Лекарите повикуваат да се вакцинираат децата
Опфатот со првата доза МРП вакцина во Куманово е околу 40 проценти, додека со втората доза се опфатени околу 80…
