Првиот хардвер со препознавање лица и AI функции

OpenAI, креаторот на „ChatGPT“, работи на својот прв паметен уред, а сега се појавија конкретни детали за хардверот.

Според порталот „The Information“, станува збор за паметен Bluetooth звучник со вградена камера, кој ќе ги користи можностите на „ChatGPT“ за препознавање на објекти и лица. Ова ќе овозможи, на пример, авторизација на пристап до звучникот или одобрување финансиски трансакции, како и други функции базирани на вештачка интелигенција.

Се очекува звучникот да се појави на пазарот подоцна оваа година. Цената најверојатно ќе се движи меѓу 185 и 280 евра (нето).