Во текот на вчерашниот ден опожарен е стан на главната улица во Кичево. Пожарот избувнал во стан сопственост на В.С. (53) од Кичево.
-Во текот на вчерашниот ден се појави пожар во стан на главната улица во Кичево, во непсредна близина на градската болница.На овој пожар интервениравме со едно возило и со тројца пожарникари и пожарот е целосно ликвидиран, информира Горан Соколески, командир на ТППЕ Кичево.
При интервенцијата, како што посочи Соколески, нема повредени лица, а причините за пожарот и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат. Увид на местото на пожарот изврши полициска екипа.