Јавното обвинителство соопшти дека е извршен увид по пожарот во угостителски објект во Охрид

-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид изврши увид на лице место во угостителски објект на булеварот “Туристичка”, во склоп на градскиот пазар Охрид, каде рано утрово избувнал пожар.

Опожарен е приватен објект во сопственост на Државниот правобранител Агрон Речи.

Јавниот обвинител издаде насоки за прибирање докази и наредби за вештачења на лице место со цел откривање на причината на пожарот, се наведува во соопштението.