Јавноста е запрепрастена од брзото возење на снимка која се шири на социјалните мрежи од синоќа. Имено, синоќа на автопатот Скопје-Тетово автобус на превозник претекнува возила и вози детестици над дозволеното додека има патници.

Возење десетици над дозволеното

Автомобилот кој го снима настанот вози околу 110 на час во текот на видеото, а автобусот побрзо и од тоа. Најголемот проблем во ваквите ситуации е тоа што заради „егзибицијата“ на возачите, понекогаш за жал страдаат човечките судбини.

Во продолжение може да го погледнете видеото:

Извор за видеото: 24инфо 

Несреќа кај Ласкарци

За потсетување на патот Скопје-Тетово-Гостивар се случи и една од најтрагичните несреќа од осамостојувањето на Македонија. Имено, на 13 февруари 2019 година околу 17 часот во атарот на селото Ласкарци загинаа 16 лица. Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ сообраќаше на релација Скопје-Гостивар, со 51 патник. Тогаш, автобусот излета од автопатот Тетово-Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот.