Во текот на денешната акција од в.д. градоначалникот Дејан Митески и инспекциските служби биле оставени 60 опомени за отстранување на возила. Граѓаните кои се сопственици на овие автомобили имаат рок од седум дена да ги тргнат возилата од јавните површини, или пак во спротивно нивните автомобили ќе бидат отстранети.
Хаварисаните возила зафаќаат паркинг места и узурпираат јавен простор
Ваквите хаварисани возила ги узурпираат јавните површини во Општина Аеродром и непотребно зафаќаат паркинг места, па ги секојдневните активности на нивните соседи аеродромци.
Сопствениците на хаварисаните возила кои не се употребуваат според членот 7 и член 63 од Законот за безбедност во сообраќајот тие се обврзани да ги отстранат своите автомобили.
Митески повика да се отстранат автомобилите
В.д. градоначалникот Дејан Митески потести дека ваквото оставање возила е забрането со Закон и апелираше да прекине оваа практика.