На денешната седница на Советот на општина Ѓорче Петров, се донесе ребалансот на Буџетот. Суштината на ребалансот е покривање во најголем дел на трошоците за електрична енергија кои произлегуваат од енергетската криза, за која што немаат општините никакво олеснување од Владата.
Се работи за обезбедување на дополнителни средства за следната намена:

📌 13.800.000 денари дополнителни средства за електрична енергија
📌 1.500.000 денари дополнителни средства за решавање на проблемот со водоснабдувањето во Кучково.
📌 2.000.000 денари средства наменети за кофинансирањсе на проект за реконструкција и адаптација на старото училиште во Кучково во Центар за рехабилитација на деца лекувани од канцер, проект од национално и регионално значење
📌 6.000.000 денари за градежно занаетчиски работи за новата општинска зграда, со која услугите кои ги нуди општината од интерес на граѓаните би биле достапни на едно место
📌 900.000 денари за изградба на канализациона мрежа на Радушка
📌 1.000.000 денари за изградба на водоводна мрежа на рурално подрачје
📌 1.500.000 денари за изградба на канализација во рурално подрачје.

Покрај тешката ситуација и кочењето на донесувањето на ребалансот од страна на советничките групи на СДСМ и Левица, иако се работи за проекти од интерес на граѓаните, благодарение на домаќинското работење на Градоначалникот, а со поддршка на мнозинството во Советот предводено од ВМРО-ДМПНЕ и коалицијата, изнајдовме начин за издвојување на дополнителни средства за реализација на овие проекти.

Овој ребаланс покажува дека единствената наша заложба се исполнувањето на нашата програма и реализација на сите проекти за модерно и урбано Ѓорче Петров.

Интегрален текст од Фејсбук статусот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Ѓорче Петров.