-Со оваа активност општина Василево решава еден сериозен проблем за сите учесници во сообраќајот на овој особено фреквевентен локален пат, преку кој со општина Василево се поврзуваат и останатите населени места од Подогражденскиот регион. Крпењето на дупките, како времено и единствено возможно решение во моментот со оглед на финансиската состојба на општината, значи зголемена безбедност и сигурност за сите учесници во сообраќајот на оваа делница, рече градоначалникот на Василево, Славе Андонов.

Викендот во населеното место Добрашинци се асфалтираа две улици во должина од 165 и 100 метри и ширина од по околу 3,2 метри. За нив од општинската каса се потрошени 946 илјади денари