– Не дозволивме да влеземе во приказните на господинот Каракачанов. Пораката од изборите е многу важна, во смисла дека спречувањето на ЕУ перспективата на Северна Македонија, не е тоа што бугарските граѓани го посакуваат. Тоа значи бугарските граѓани не поддржуваат таква политика, и тоа е најсилната порака од изборите. Дека народот не е против европската перспектива, народот бара соработка меѓу двете земји, и се надевам дека тоа ќе се преточи во политички ставови на партиите кои добија глас од бугарските граѓани, рече Османи на гостувањето во емисијата Кликплус.
Османи: Бугарскиот народ го казни Каракачанов поради анти-ЕУ кампањата
О
Вечерва Бујар Османи ги искоментира изборите во Бугарија и се огласи зошто Каракачанов не успеа да влезе во бугарскиот Парламент.