Министерот за надворешни работи Бујар Османи во изјава за ТВ 21 истакна дека веќе ги информирале структурите на НАТО за континуираните дојави за поставени бомби во Македонија кои се случуваат во изминатите два месеци.

Вчера комунициравме со структурите на НАТО, да видиме каков хибриден пристап кон регионот може да се случи, која може да биде причината, истакна Османи.