-Беше покренато прашањето за можноста Попова Шапка летно време да се користи како голф центар, а зимно време како скијачки центар. Исто така, го претставивме и како регионален центар заедно со Косово, да ги претставиме двете страни од планината, бидејќи очигледно големите инвеститори бараат поголеми регионални пазари и можноста регионално да се претставиме е секогаш поатрактивна, изјавил Османи, додавајќи дека оние инвеститори што ќе имаат најдобра понуда ќе ја земат концесијата за Попова Шапка.

Министерот за економија, Крешник Бектеши со поинаква изјава. Тој рече дека инвеститорот е познат, но дека во моментов не смее да го открие неговото име. Додава дека станува збор за сериозна компанија која управува со ски-центрите во Европската унија.

-Добивме конкретни понуди од добро позната компанија која управува со ски-центри во ЕУ. Ние ќе го разгледаме нивниот предлог и откако ќе завршат преговорите, во потребниот момент кога ќе одлучи и компанијата која е заинтересирана, секако дека ќе го откриеме и името на потенцијалниот инвеститор во Попова Шапка, додаде Бектеши.