На состанокот се очекува да се отвори дискусија за последните случувања поврзани со процесот на проширување на ЕУ по состаноците на Советите на ЕУ, а ќе се разговара и за регионалната соработка и пост-пандемиското економско заздравување на регионот.
– Имајќи ја во предвид важноста на ЕУ интегративниот процес, од страна на Европската Комисија на овој состанок ќе учествува еврокомесарот за добрососедство и проширување, Оливер Вархеји, а ќе бидат присутни и министрите за надворешни работи на Словенија и Хрватска, се наведува во соопштението од МНР.