Ние сме демократска држава во која сите граѓани и сите заедници подеднакво ги уживаат сите права и навистина нема да дозволиме алиби дека овде се газат човекови права на која било етничка заедница, вклучувајќи ја и бугарската, изјави денеска на брифинг во Скопје министерот за надворешни работи Бујар Османи, зборувајќи за отворањето на културниот дом во Битола.
Спорно овде, појасни Османи, е неговото име, кое овде се смета за контроверзно и провокација, и дека во спротовно и тие би биле дел од настанот.
– Ние го направивме тоа што требаше да се направи. Не дозволивме Северна Македонија да биде прикажана во светот како земја што ограничува права на било која етничка заедница. Не е моја должност да се грижам за имиџот на Бугарија кои личности ги чествуваат, имаат тие МНР кое треба пред еврејската и светска заедница да објаснат зошто им се важни некои личнсти, изјави Османи.
Барањето за посета на бугарската делегација на отворањето на културниот дом во Битола, Османи рече дека пристигнало од потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, а потоа се приклучил и бугарскиот премиер Кирил Петков.
– Се разбира дека една од нашите претпоставки беше дека посетата, токму на центар кој носи име што овде е контроверзно може да има и задни намери, а тоа е дека спорот е спор на човекови права и дека бугарската заедница не ги ужива своите права тука и не ги исполнуваме Копенхашките критеруми, изјави Османи.
Тој нагласи дека отворањето на клубови на бугарска заедница е апсолутно неспорно во Република Северна Македонија.
– Бугарската заедница има таква можност, слобода и охрабрување да се организира и да ги манифестира своите културни и идентитетски атрибути во било која форма, но не на начин што ги провоцира или го вознемирува останатите граѓани, изјави Османи.
Сметам, посочи Османи, дека тоа беше несреќен избор на име на клуб и дека не може да каже кои се намерите позади тоа.