Тој, како што рече Османи, влегол во зградата на МВР без покана и без познати мотиви.

Доколку нашиот дипломат се однесувал како што се однесувал нивниот дипломат…. Не може да има реципроцитет доколку имало дипломатски инцидент и доколку се е работено спротивно на правилата на мандатот и статусот на дипломат, односно на Виенската конвенција. Доколку наш дипломат така би се однесувал, јас би го повлекол без Русија да има потреба да го врати назад. Така што, затоа јас ја сметав нивната одлука како политичка освета, на една одлука што е заснована на факти за прекршување на правилата на однесување на еден дипломат во државата каде што е – рече Османи.