Министерството за надворешни работи вчера потврди дека минатата недела македонски дипломат бил уапсен во Србија на граничниот премин Прешево – Табановце при обид за влез во Македонија.
Станува збор за заменик шефот на мисијата на Македонија во ОБСЕ во Виена Миле Миленковски кој се барал со меѓународна потерница за дело кое го направил пред три години. Тој, заедно со уште две лица пред три години помогнале во бегството од Ерменија на братот на сменетиот ерменски претседател, против кого во Ерменија се воделе процеси за затајување на данок и незаконско богатење. Ерменските власти македонскиот дипломат го бараат заради помагање во бегство на лице осомничено за злоупотрба на неколку милиони евра.
Како што МКД.мк веќе објави, српските власти привеле уште еден македонски дипломат, пензиониран, замешан во илегалното префрлање преку граница на ерменскиот дипломат за кого ерменските власти воделе истрага за даночно затајување.