Кандидатите на двете албански движења ги кршат копјата. Според сите пребројувања на ДИК, актуелниот министер за надворешни работи од редовите на ДУИ водеше при собирањето на потписи, а како што соопшти тој на Фејсбук веќе ги имал потребните гласови.
Се огласи Османи
Тој вели дека бил во домашна фамилијарна атмосфера кога ја дознал веста.
-Веста дека се собрани над 10 илјади потписи, ме најде во домашен амбиент додека ја барав поддршката и од моите најблиски. Сега со поддршката на Ваљбона, Елиза Мал и Луан и над 10 илајди потписи кои се собраа во рекордно време, за два работни дена се најголемото признание, но пред се голема обврска да велзам со најголемата сериозност во оваа историска кандидатура за претседател на Рeпублика Северна Македонија, соопшти Османи преку својата Фејсбук страница.
Таравари наведува дека не прават притисоци
Од друга страна пак, се огласи Таравари кој вели дека денеска официјално започнале со собирање потписи. Според неговите бројки тој вели дека веќе имал 8000 потписи за претседателски кандидат.
“Официјалното собирање потписи го започнавме пред неколку часа и стигнавме до 8.000 потписи! Тоа се потписи на слободата, без никакво наметнување, без никаквoналожување, туку се Вашата Чиста Волја! Собирањето потписи продолжува и утре. Ова е нов рекорд и показател дека со ВРЕДИ Промената Започнала! Ви благодарам од се срце!”, вели тој.
Во македонскиот политички блок во водство е Максим Димитриевски од движењето ЗНАМ. Еве ги сите кандидати и нивните гласови.