На Универзитетот за туризам и менаџент во Скопје, денеска ќе се одржи настан во организација на Глобалниот клуб на жени лидерки Г100 – Скопје, на кој ќе присуствуваат и основачката на Клубот, Харбин Арора со нејзиниот тим, кои престојуваат во земјава во рамки на проектот за посета на жените лидерки во регионот.
Во Глобалниот клуб Г100 членуваат најистакнатите светски жени лидерки кои го споделуваат своето знаење и искуство. Глобалниот клуб Г100 има 100 секторски крила и претставнички од сите земји и свои канцеларии во Брисел, Њујорк, Њу Делхи и Женева и брои околу 1.000.000 членки ширум светот.
Стратегијата на Глобалната мрежа Г100 е во корелација со целите за одржлив развој на Обединетите Нации, поконкретно родова еднаквост и еманципација на жените и девојчињата. Во овој контекст членките на глобалната мрежа Г100 со заеднички сили работат на изнаоѓање на применливи решенија кои ќе овозможат вистинска инклузија и економско и социјално зајакнување на жените и девојчињата ширум светот.