Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на крстосницата меѓу улиците „Ѓорче Петров“ и „Македонски војски“ во Скопје, а возачот на автомобилот кој учествувал во судирот избегал од местото на настанот.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во несреќата учествувале мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 44-годишниот Ш.Ш. од скопското село Волково, и патничко возило, чиј возач веднаш по судирот го напуштил местото на несреќата.
Мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, каде што му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата увид извршила увидна екипа на СВР Скопје, а полицијата презема интензивни мерки за пронаоѓање на возачот и возилото што го напуштиле местото на настанот.
