Турското Министерство за надворешни работи доцна синоќа соопшти дека го повикала американскиот амбасадор во Анкара, Дејвид Сатерфилд, поради признавањето на американскиот претседател Џо Бајден дека масакрот врз Ерменците во Отоманската империја во 1915 година бил геноцид.

Турското министерство наведува дека заменик министерот за надворешни работи, Седат Онал, му кажал на американскиот амбасадор Сатерфилд дека изјавата на Бајден нема правна основа и дека Анкара ја отфрли, оценува како неприфатлива, и ја осудува под најстроги услови.

Турското МНР, исто така, соопшти дека оваа изјава на Бајден предизвика „рана во меѓусебните врски што тешко ќе може да се поправи“.

Бајден вчера и официјално го оцени за геноцид масакрот извршен за време на Отоманската империја над Ерменците во 1915 година. Таа историска декларација, што ја налути Турција, дополнително ги влоши нестабилните односи меѓу двајцата сојузници на НАТО.