Оставката ја доставил до Венко Филипче и наведува дека одлуката е од лични причини

Марјан Даскаловски соопшти дека поднел оставка од функцијата претседател на Општинската организација на СДСМ во Струмица.

Во објава упатена до јавноста, Даскаловски информира дека оставката ја доставил до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, посочувајќи дека одлуката ја донел од лични причини.

„Оваа одлука ја носам со мирна совест и чисто срце, водена пред сè од лични причини“, наведе Даскаловски.