Харис и Бајден го признаа поразот
Брендот Трамп повторно ќе биде чело на САД. Камала Харис ја призна неговата победа, а актуелниот шеф на државата Џо Бајден го покани Трамп на состанок во Белата куќа. Канцелариите и продавниците во Вашингтон ги отстранија дрвените прозорци од нивните излози. Тие беа поставени во случај на судири при изборот на Доналд Трамп.
Двајца противницци на Камала Харис
Од неизвесна битка до убедлива победа. Дури и самиот Доналд Трамп е изненаден од својата сигурна победа. Камала Харис не успеа, направи грешка. Ако треба да направиме анализа на нејзината кампања и да ја откриеме патологијата во нејзините грешки – вистината е дека таа мораше да се бори со двајца ривали – Доналд Трамп и Џо Бајден.
Таа не успеа да се разликува од економската политика на Бајден. Таа практично „мораше да го носи багажот на администрацијата на Бајден“. Аналтичарите велат дека додека Камала Харис водеше кампања, Трамп имаше движење. Така, таа беше во неповолна положба уште од самиот почеток.
Анализа на Радио Лидер
Во текот на нашата вчерашна емисија, според новинарот Љупчо Златев таа во кампањата била премногу несериозна.
Тројна победа за Републиканците
Останува да видиме како Доналд Трамп ќе ги испорача ветувањата кои ги даде пред американските гласачи. Републиканците имаат тројна победа, освен за претседател победија и во Сенатот и Конгресот, а и бројката на гувернери е на нивна страна.