АНА Холдингс откажа 77 летови, што влијаеше на околу 5.100 патници“ изјави Јутака Китахара, главен оперативен директор на компанијата.

Бидејќи временската ситуација во североисточна Јапонија се уште е нестабилна, можни се дополнителни летови“, рече Китахара, пренесува „Ројтерс“. Компанијата „ Јапонија ерлајнс“ откажа 35 од денешните летови до 10 часот по локално време, при што беа погодени 1.810 патници“ изјави портпаролот на оперативниот оддел на авиокомпанијата.

Јапонија ги заостри граничните контроли за да се спротивстави на ширењето на сојот омикрон. Досега се пријавени само десетина локално преносливи инфекции со новата варијанта на вирусот, вкупно 231 заразен со омикрон.

Низ светот, илјадници летови се откажани за време на божиќниот викенд поради брзото ширење на новата варијанта на коронавирусот.

„Флајт Авер“, веб-страница за следење летови, наведува дека речиси 1.000 летови од и кон САД биле откажани во саботата, а 690 еден ден претходно, пренесува АП.

Повеќе од 250 летови беа откажани денеска, но на веб-страницата на „Флајт Авер“ не се наведува причината, но „Делта“, „Јунајтед“ и „Џет Блу“ во петокот објавија дека ширењето на вирусот предизвикува проблеми со персоналот, што пак доведува до откажување на летовите.

Европските и австралиските авиокомпании исто така беа принудени да ги откажат своите летови за време на празничната сезона поради истите проблеми.