Огромната железничка несреќа со смртни последици на десетици лица што се случи во Шпанија го потресе целиот свет. Трагедијата предизвика длабока жалост и итна реакција на спортските институции во земјата.

Несреќата се случи кога брз воз удри во воз што стоел во место, при што животот го загубија голем број луѓе, а лекарите и медицинските служби продолжуваат да се борат за животите на повредените. Во меѓувреме, јавноста отворено ги обвинува надлежните фактори за оваа железничка катастрофа.

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Маркос Љоренте, упати остри критики кон надлежниот министер, кој утрината несвесен за трагедијата објавувал политички информации на социјалната мрежа Твитер.

Фудбалската федерација на Шпанија донесе официјална одлука за итно одложување на сите денешни и утрешни закажани натпревари од Кралскиот куп на Шпанија, изразувајќи солидарност со настраданите и нивните семејства.