Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против шест лица поради компјутерски измами и фалсификување исправи поврзани со брзи кредити. За уште 33 лица е поднесен предлог за издавање казнен налог поради соучесништво во измамите.

Според Обвинителството, обвинетите внесувале невистинити податоци во електронските системи на повеќе финансиски друштва. Тие креирале лажни профили и прикажувале невистинити податоци за вработување за да можат да повлекуваат пари.

Во измамата им помагал службеник вработен во Фондот за здравствено осигурување. Тој преку компјутерскиот систем на Фондот обезбедувал ЕЗБО броеви и им ги ставал на располагање на останатите обвинети.

Со користење лажни исправи и злоупотреба на личните податоци на оштетените граѓани, групата подигала брзи кредити на нивно име. Случајот доби обвинителен епилог по спроведената истражна постапка.