Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски информираше дека мрежата за продажба на М-таг уреди ја прошируваат преку соработка со А1 Македонија и Македонски Телеком.
„Отсега М-таг уредот може да го набавите во нивните продажни салони низ целата држава – наместо досегашната практика за набавка на уредите на наплатните станици низ дражава или во просториите на ЈПДП во Центар“, изјави Трајановски.
Тој посочи дека целта на оваа соработка за која денеска информираа со директорите на А1 Македонија, Методија Мирчев, и на Македонски Телеком, Горан Марковиќ, е услугата да биде подостапна за граѓаните.
„Да потсетам, дека започнавме и со доградба на наплатната станица Миладиновци за да го отстраниме „тесното грло“ и до завршување на работите апелирам да се користи патарината Петровец“, додаде тој во објавата на Фејсбук.
