Меѓуопштинскиот центар за социјална работа (МЦСР) на град Скопје во соработка со општините организира отворени денови со граѓаните на град Скопје и приградските општини кои користат услуги од социјална сфера од ЦСР, за појаснување на правата и услугите на граѓаните за социјални прашања.
Отворените денови ќе се реализираат до крајот на 2023 година во просториите на општините каде што ЈУ МЦСР има свои подрачни единици и тоа во општините Бутел, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Аеродром, Центар, Шуто Оризари, Гази Баба, како и во општините Петровец, Илинден, Зелениково, Студеничани, Арачиново, Сопиште, Сарај и Чучер Сандево.
На средбите граѓаните ќе можат директно да се информираат за своите права поврзани со социјалните прашања, а ќе им бидат презентирани и социјалните услуги кои можат да ги користат според Законот за социјална заштите, Законот за детска заштита и други позитивни законски прописи.
Во четврток 16.11.2023 година
Стручните тимови од ЦСР Скопје денеска ќе претстојуваат во општина Кисела Вода, во салата на советот од 10 до 14 часот.
Од МЦСР ги повикуваат сите граѓани на Кисела Вода кои имаат потреба од кој било социјална поддршка да дојдат на отворениот ден во општината.