Според СЗО, повеќе од 8 милиони луѓе умираат годишно од болести поврзани со пушењето, од кои 1,2 милиони се пасивни пушачи. За жал, луѓето од оваа група страдаат и од штетната навика на своите најблиски, бидејќи штетните состојки се содржани и се шират од чадот од цигари кој се создава при процесот на согорување на тутунот. Националната здравствена служба на Велика Британија NHS наведува дека пушењето е поврзано со зголемен ризик од развој на болести како што се кардиоваскуларни болести, ХОББ, рак на белите дробови (7 од 10 случаи се должат на пушењето цигари) и слично.

Овие факти се добро познати во јавноста, но можеби основната причина за болестите поврзани со пушењето е помалку позната.

 

Проблемот е во согорувањето.

Кога цигарата гори, тутунот почнува да согорува и достигнува температура од 800oС. За време на процесот на согорување, честичките содржани во чадот се подложни на процес на термичко уништување наречено пиролиза, при кој се формираат чад и пепел. Чадот од цигари содржи повеќе од 6000 состојки. Во својот извештај за 2012 година, Агенцијата за храна и лекови на САД (ФДА) идентификуваше список со 93 штетни или потенцијално штетни состојки содржани во чадот од цигари, кои имаат различни негативни ефекти – канцерогени (CА), оштетување на респираторниот систем (RТ), оштетување на кардиоваскуларниот систем (CT), репродуктивно и развојно здравје (RDT) и зависност (AD). Некои од честичките кои спаѓаат во повеќе од една категорија се:

Ацеталдехид – CA, RT, AD
Арсен – CA, CT, RDT
Бензен – CA, CT, RDT
Хром – CA, RT, RDT
Етил карбамат (уретан) – CA, RDT
Олово – CA, CT, RDT
Некои од овие состојки се користат во различни индустрии, за производство на бои, материјали и слично. Но дефинитивно немаат место во човечкиот респираторен систем.

Покрај овие состојки, чадот од цигари содржи многу други цврсти честички како катран и јаглерод моноксид, кои при вдишување се лепат на белите дробови и со нивната акумулација ја попречуваат нормалната функција. Штетата од акумулацијата на овие честички е толку голема и со долготрајни последици што се потребни години по откажувањето од пушењето за да се врати барем дел од нормалното функционирање на белите дробови и ризикот од развој на болеста да започне да се намалува. Јасно е дека начинот да се заштитиме од штетните ефекти на овие состојки е да не бидеме изложени на чад од цигари.

Никотинот е веројатно најпознатата состојка содржана во тутунот. Никотинот е алкалоид природно синтетизиран од растенија од семејството Solanaceae каде освен тутунот, припаѓаат и други растенија како домати, компири, модри патлиџани, чили пиперки и друго. Неговото име потекнува од латинското име на растението Nicotiana tabacum – вид тутун што најчесто се користи за комерцијални цели. Токму оваа состојка предизвикува силна зависност од цигари. Никотинот има силно влијание врз централниот и периферниот нервен систем и е поврзан со развој на некои васкуларни заболувања, но не е главната причина за болести поврзани со пушењето.

 

Аеросол или чад

Во уредите со загревање на тутун наместо согорување, тутунот се загрева на многу пониски температури – соодветно 350oC и 250oC. Со тоа значително се намалува формирањето на штетни и потенцијално штетни состојки, а некои од нив се и отсутни. Пареата што се ослободува од овие производи е аеросол – мали капки вода дисперзирани во воздухот, кои содржат никотин и значително помала количина и вид на штетни состојки, но нема цврсти честички.

Чадот содржи цврсти честички и илјадници хемиски состојки кои се генерираат со согорување на тутунот на високи температури, додека аеросолот формиран на пониски температури со испарување/кондензација има помалку сложен состав од чадот на цигарите и не создава цврсти честички. Ова е главната разлика помеѓу производите без чад (уредите кои го загреваат тутунот и електронските цигари) и конвенционалните цигари. Односно, поради загревање до пониски температури, аеросол кој испарува содржи значително помалку штетни и потенцијално штетни состојки.