Подрачјата во Србија најзагрозени од земјотреси се наоѓаат во зоната која започнува во Грција, а завршува во Италија, изјави за Телеграф.рс, Драган Миловановиќ, професор на Рударско-геолошкиот факултет.
Тој смета дека Србија е во зоната на оската, кога станува збор за земјотреси но оти во регионот не може да се случи земјотрес посилен од 6 степени.
На линијата за опасност според него се наоѓаат Белград, Копаоник, Краљево, Скопје, Загреб и Бања Лука.
-Тоа е зона која оди од Грција, па Скопје, па Копаоник, па Краљево, тука е и Мионица, малку Белград, па врти малку лево и оди во Бања Лука, па во Загреб, па во Италија. Таму завршува таа позната зона. Не ја знаеме положбата на тие плочи. Меѓу нив има помали плочи, помали движења, и тие се вртат, подвлекуваат, се влечат, но се уште не знаеме доволно за да можеме поконкретно да го предвидиме местото каде се одвива тој процес – објаснува професорот Миловановиќ за Телеграф.рс