Министерот за економија, Крешник Бектеши, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат изрази убеденост дека оваа година цената на струјата нема да се зголеми, но оставајќи простор од в година, согласно движењата на берзите, да се случи зголемување на цената на електричната енергија.
„Јас сум убеден дека нема да поскапи цената на струјата оваа година, но во наредните години, имајќи во предвид трендот и цените во берзите, би требало да поскапи, но оваа година нема да има поскапување на електричната енергија во нашата држава“, рече Бектеши.