Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека денешниот ден е црн ден за Македонија.

-Црн ден за Македонија, кога се руши нов црн рекорд. 35 починати и 1.320 нови случаи на корона… Ако навремено се почнеше со вакцинација, оваа бројка ќе беше помала. Ама провизиите им беа пред здравјето. И сакаат попис со вакви бројки… Баталете и попис и се друго. Животот на граѓаните е на ивица, на раб, пред амбис. Оваа влада ќе биде запишана со црни букви во историјата. Како најкриминалната и најнеспособната, напиша Мицкоски на фејсбук.