-Претпладнево на Универзитетската Клиника за Кардиохирургија ги посетив пациентите на кои на 19-ти мај и на 10- ти јуни им беше трансплантирано срце од починат донор. Двата пациенти се во добра и стабилна состојба, информираше министерот Венко Филипче.
Првата трансплантирана пациентка пополека целосно се опоравува, а вториот пациент е се уште на Oдделот за интензивна нега и терпија, но е во добра состојба.
– Со трансплантациите на срце почнавме едно ново поглавје во медицината во земјава кое отвори надеж за хронично болните пациенти кои немаа друг избор за лекување. Семејствата пак на Емилија, Верица, Марија, Јасмина, Борче со нивниот хуман гест ја разбудија свеста за органодонорството и ни покажаа што значи да се дарува орган за да се спаси нечиј живот, додава Филипче.