Тој на својот фејсбук профил истакна дека е задоволен од завршената операција и се заблагодари на хуманоста на семејството на починатата донорка.
– Благодарение на хуманоста на фамилијата и гестот на починатата донорка, сега тој е во нова надеж за подобро здравје. Му посакувам брзо враќање во секојдневните навики и рутини, а пред се, успешно оздравување, стои во објавата.
Трансплантацијата на срце што беше извршена завчера е петта во државава.