Брент и американската нафта со намалување на вредноста
Цените на нафтата денеска бележат пад по информациите дека САД започнале акција за повторно отворање на Ормуска Теснина. Сепак, намалувањето е ограничено, а цената останува над 110 долари за барел.
На Лондонската берза, нафтата Брент попладне се тргуваше по цена од 112,61 долари за барел, што е намалување од 1,6 отсто во однос на вчерашното затворање.
Вчера, пак, цената на Брент нафтата заврши со раст од 5,8 отсто.
На американските берзи, цената на лесната нафта се намали за 2,5 долари и изнесуваше 103,92 долари за барел.
Тоа претставува пад од 2,35 отсто во однос на вчера, кога беше забележан раст од 4,4 отсто.
