Единаесетгодишно дете тешко повредено по пад од трет кат во училиште во Прилеп
Единаесетгодишен ученик е тешко повреден откако паднал од трет кат во основното училиште во Прилеп. По несреќата, детето веднаш било префрлено во прилепската болница „Борка Талески“, а потоа итно транспортирано и хоспитализирано на Клиниката за детска хирургија во Скопје.
Стабилна состојба на ученикот
Според информациите од директорот на Клиниката за детска хирургија, Лазар Јовчевски, ученикот се здобил со сериозни повреди: скршеници на петиците и повреда на пршлените. Сепак, состојбата на детето е стабилна и надвор од животна опасност.
Дали е во прашање ТикТок тренд?
Шесттоодделенец паднал од прозорец од трет кат во училиште заради предизвик на социјалните мрежи?
Несреќата се случила за време на големиот одмор
Инцидентот се случил во текот на втората смена, за време на големиот одмор, кога сите ученици биле надвор во училишниот двор.
Чекање на официјално соопштение од училиштето
Од управата на училиштето најавија дека ќе испратат официјално соопштение за настанот во текот на денот.