-Во последните години предупредував, го правам тоа и денес, дека процесот на вклучување на регионот е премногу спор, поради што повторно јакнат политиките на национализам и промени на границите, кои се опасни за мирот и безбедноста, кажа Пахор на заедничката прес-конференција во Белград со српскиот колега Александар Вучиќ.
Истакна дека проширувањето на Унијата е единствениот одговор на растот на национализмот и идеите за промени на границите.
На прашањето дали ЕУ ќе ги осуди изјавите на албанските функционери за обединување на Албанија и Косово, Пахор се оправда дека „нема надлежност ни мандат“ да одговара во име на ЕУ, но дека неговиот став е дека со таквите изјави се продлабочува загриженоста.
Претседателот на Словенија, која до крајот на годината претседава со ЕУ, смета дека Унијата и државите аспиранти за членство околу кандидатурите, реформите и евроинтеграцискиот процес треба „да направат повеќе отколку во изминатите години“ за ЕУ со забрзан и искрен процес на преговори со државите го забрза нивниот пат на придружување.
-Ако ЕУ каже дека ќе ги отвориме кластерите – благодарам. Ако не сака да ги отвориме кластерите – повторно благодарам. Ние реформите ги спроведуваме за своите граѓани, кажа Вучиќ.
Тој истакна дека секој разговор „може да биде камен во куќата на мирот“ која се обидува да се изгради во регионот.