Вработените во Владата повторно грешија, но овој пат не со знамиња, туку со имиња.
Во соопштението за средбата на премиерот Заев и министерот Филипче, со верските лидери, наместо актуелниот, стоеше името на екс реисот Сулејман Реџепи кој минатата година ја прогласи короната за умрена, по што набрзо и беше сменет од фунцијата.
Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за здравство Венко Филипче и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи Даријан Сотировски денеска се сретнаа со поглаварите на верските заедници во земјава – на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи.
За кратко време од Владата се корегираа и во соопштението го наведоа актуелниот поглавар, односно реисот Шаќир Фетаи.