Најмалку шест бунтовници беа убиени во Пакистан кога безбедносните сили извршија рација во две нивни засолништа во близина на границата со Авганистан.

Пакистанската војска соопшти дека двете рации биле спроведени вчера во областите Тенк и Северен Вазиристан „врз основа на веродостојни разузнавачки информации“ за засолништата на екстремистите.

Во рацијата биле запленети оружје и муниција.

Идентитетот на убиените или од која бунтовничка група се тие не се објавени, но повеќето бунтовници во областа се пакистанските талибанци, огранок на авганистанските истомисленици.

Меѓутоа, во регионот каде што беа извршени рациите, евидентирано е и присуство на борци на Исламската држава.

Оваа недела авганистанските безбедносни сили го убиле и командантот на Исламската држава Шафи Улах во близина на границата со Авганистан.