По 20-ина дена од екстрадицијата, осомничениот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, Љупчо Палевски-Палчо денеска е однесен на распит во Обвинителство, да ја раскаже неговата верзија за случајот и да се соочи со доказите. Од Обвинителството не коментираат, ниту негираат, ниту потврдуваат.

Палевски на 15-ти мај од Турција беше донесен во Македонија и заврши во Истражниот затвор во Шуто Оризари. Тој тврди дека е невин. Истрагата за него може да трае максимум 6 месеци, по што би требало да се поднесе и обвинителен акт.

За другите неколкумина веќе има обвинение дека биле соизвршители во грабнувањето и во убиствата. Обвинет е и таткото на Вања за помагање при грабнувањето.