Тој говореше за прашања поврзани со евроинтеграциите на Македонија кои за сега се неуспешни, а особен акцент стави и на политичарите кои го крадат сопствениот народ.
– Кога политичките лидери крадат од граѓаните, нивната земја го крши владеењето на правото, го забавува економскиот раст, ја зголемува нееднаквоста и го губи пристапот до услугите, изјави Палмер, пренесува ТВ21.
Пораката на Палмер треба да биде сериозно сфатена од оние кои се надлежни, имајќи предвид дека потпишувањето на декретот и меморандумот кои покрај тоа што се однесуваа на факторите на дестабилизација во регионот, имаа посветено и значаен дел токму за корупцијата и криминалот во земјите.
Изјавата се надоврзува токму на овие активности кои САД ги презема во врска со решавање на проблемите поврзани со корумпираноста на политичарите, кои истовремено се сметаат за глобална закана за стратешките интереси.