Американската ТВ станица ги подреди земјите по номиналниот бруто домашен производ од 2019 година, со проценки на БДП за минатата година од извештајот на ММФ за светскиот економски изглед. Номиналниот БДП ја проценува пазарната вредност на речиси сите производи во една економија за една година, но не го зема предвид движењето на инфлацијата и затоа може да ја прецени или да ја потцени вистинската економска вредност.
САД ја задржаа лидерската позиција со номинален БДП од 20,9 милијарди долари лани. Второпласираната Кина бележи раст на номиналната вредност на 14,7 милијарди долари. Јапонија остана третата најмоќна светска економија со БДП проценет на 5,0 милијарди долари, додека на четврто место е Германија со вредност од 3,8 милијарди долари.
Обединетото Кралство е на петто место, а Индија е шестата најголема светска економија, која падна од петото место во 2019 година.
Седмата позиција и понатаму ја држи Франција со номинален износ на БДП од околу 2,6 милијарди долари, а осма е Италија со вредност проценета на околу 1,9 милијарди долари. Бразил, кој во 2019 година беше деветта најголема светска економија, годинава испадна од топ 10. Наместо него годинава се најде Канада, со БДП проценет на 1,7 милијарди долари. Како десетта најмоќна економија годинава се најде Јужна Кореја со БДП од 1,6 милијарди долари.