Пожарот избувна на денот кога во Индија беа заразени 332.730 луѓе, што не се случило во ниту една земја досега од почетокот на пандемијата.

Пожарот избувна во болницата во Вирар, во предградие на Мумбаи, и се случува само два дена откако во друга болница, во градот Нишак, во државата Махараштра, починаа 22 пациенти на апарати за дишење бидејќи имало истекување на кислород во болницата, пренесуваат американските медиуми.

-Огнот се појави и прошири на Одделот за интензивна нега на вториот кат од болницата и набрзо беше изгаснат, а пациентите со кислородна поддршка беа префрлени во блиските болници, изјави директорот на болницата Вијај Валаб.

Тој додаде дека во болницата имало 90 пациенти, а се наоѓа на околу 70 километри северно од Мумбаи, финансискиот центар на Индија.

Полицијата ги истражува причината за хаваријата, но засега е познато дека на пожарот му претходела експлозија на Одделот за интензивна нега, пренесува агенцијата ПТИ.

Во Индија денеска се регистрирани нови 332.730 инфицирани лица, што досега не се случило во ниту една држава од светот, јавуваат британските медиуми. Со оваа бројка, Индија надмина 16 милиони заразени.