„Со страв ја следам ситуацијата по избувнувањето на конфликтот во регионот Тигре во Етиопија, свесен дека ја опфаќа и соседна Еритреја“, рече денеска во Ватикан поглаварот на Католичката црква при приемот на членовите на РОАКО, телото за помош на источните цркви.

– Во таа земја, разликите меѓу етничките групи и борбата за власт што потекнува од тоа станаа систематски, рече Папата, притоа повикувајќи на братство.

Етиопската војска во вторникот изврши воздушен напад врз селото Тогогу, во регионот Тигре, што беше осудено од меѓународната заедница.

Имаше извештаи за бројни цивилни жртви на тамошниот пазар.

Војската денеска соопшти дека нападот бил насочен против бунтовничките борци.