Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата на поранешниот министер Крешник Бектеши дека владата дала налог службите да вршат да ги следат и да вршат прислушување н него и неговите колеги од Европскиот фронт. Мицкоски тврдењата ги означи како „несериозни“, нагласувајќи дека актуелната власт не се занимава со темни сценарија. И министерот за здравство Арбен Таравари ги отфрли тврдењата, опишувајќи ги како параноични и охрабрувајќи конструктивен став на опозицијата.
Мицкоски ги отфрли наводите за надзор, прислушување и следење на Бектеши
Премиерот Христијан Мицкоски ги осуди наводите за владиниот надзор од поранешниот министер за економија Крешник Бектеши. Во дневниот клик на ТВ21, Бектеши тврдеше дека тој и неговите колеги биле подложени на надзор, односно следење и прислушување од безбедносните институции, наводно диригирани од владата, поради загриженоста за потенцијална дестабилизација оваа есен.
Мицкоски ги отфрла тврдењата
Мицкоски ги отфрли овие тврдења, наведувајќи дека власта не се впушта во „ темни или мрачни сценарија за надзор, следење и прислушување“. Тој ги критикуваше минатите политичари кои ги злоупотребиле своите позиции за лична корист и нагласи дека сегашната власт а е фокусирана на одговорно владеење, а не на некакви сценарија.
Политичарите кои злоупотребуваа институции сега се дел од темното поглавје во историјата. Немаме намера да се занимаваме со такви мрачни сценарија. Наместо тоа, тие сценарија им ги препуштаме на оние кои меѓу другото се занимавале со фудбал и кошарка во канцеларии, купувале трговски центри, граделе империи на сметка на граѓаните, ја ограбувале јавноста, управувале со фабрики за марихуана, им издавале пасоши на криминалци и дилери на дрога. Затоа, ќе се воздржам од коментирање на изјавите од ваквите политички неважни личности или маргиналци. вели Мицкоски
Таравари ги означува тврдењата за надзор и прислушување како параноични
Министерот за здравство Арбен Таравари ги опиша тврдењата на Бектеши за надзор како параноични. Тој изјави дека нема докази што ја поддржуваат идејата дека лица од ЕФ се под надзор. Таравари ја охрабри опозицијата да остане активна и конструктивна, наместо да се фокусира на неосновани тврдења за надзор.
Воопшто не верувам дека некој од ЕФ е под надзор или мета на прислушување, ми се чини како теорија на заговор и нивното однесување изгледа параноично. Нема потреба да се плашат. Опозицијата има свои заслуги и тие треба да останат во таа улога. Ги охрабрувам да бидат поактивни, да развиваат конструктивни идеи и постепено да се помируваат со подолгиот период што ќе го поминат во опозиција.