Грците кои живеат во странство, оваа година за првпат имаат можност да гласаат на парламентарните избори, без да биде потребно да се вратат во Грција, а гласачки места се отворени во 35 земји.
Гласањето во странство е денеска, ден пред изборите во земјата, започна во седум часот утрово и ќе трае до 19 часот по локално време во секоја земја, пријавени се 22.
855 лица, а ќе бидат отворени 99 гласачки места во 85 градови.
Гласање ќе има во Австралија, Германија, Австрија, Шпанија, Кипар, Бугарија, САД, Велика Британија, Белгија, Данска, Швајцарија, Катар, Финска, Чешка, Кореа, Турција, Сингапур, Саудиска Арабија, Унгарија, Полска, Португалија, Египет, Франција, Белгија, Обединетите Арапски Емирати, Ирска, Италија, Канада, Литванија, Малта, Луксембург, Норвешка, Јужна Африка, Шведска и Романија.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, синоќа, кусо пред полноќ преку Твитер се осврна на гласањето на Грците во странство, коментирајќи дека „за кратко ќе се отворат првите гласачки места во Австралија“.
-Можеби е мал прв чекор, бидејќи постојат големи ограничувања, но е исто така и емотивен момент што нѐ прави решени да продолжиме, напиша Мицотакис.
За да се отвори гласачко место, потребно беше да има најмалку 40 пријавени граѓани, а поголемиот број од гласачките места се во просториите на амбасадите и конзуларните претставништва во Грција.
Според грчките медиуми, ковертите со гласачките ливчиња, авионски ќе бидат испратени во Грција, а ќе се отворат и гласовите ќе се пребројат в недела, откако ќе заврши гласањето и ќе се затворат гласачките места во земјата.
Во Грција денеска е предизборен молк во пресрет на утрешните избори.
Лидерите на партиите, синоќа ги одржаа последните предизборни митинзи – актуелниот премиер и претседател на Нова демократија Кирјакос Мицотакис одржа говор во центарот на Атина, лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас говореше во Патра, а претседателот на ПАСОК – Движење на промена Никос Андрулакис одржа митинг на Крит.
Нешто помалку од десет милиони граѓани, поконкретно 9. 810. 040 Грци, од кои 438.
595 за прв пат, утре ќе гласаат на парламентарните избори во Грција на кои учествуваат 36 партии, коалиции или самостојни кандидати.
На овие избори има три новини: гласат Грците кои живеат во странство, право на глас имаат сите кои наполниле 17 години, а не 18 како што беше до сега и ќе се спроведе пропорционален изборен модел.
Треба да знаете
Хроника
Средношколец со пиштол ограбил ученик во училишен двор во Чаир
19/05/2023
15:27
Македонија
Припадниците на Логистичката база го одбележаа денот на единицата
19/05/2023
15:15
Македонија
Ташковски: Ќе се зголеми вложувањето во науката од страна на државата
19/05/2023
13:01
Македонија
Битиќи: Го променивме системот за градење бидејќи сите проекти досега не чинеле повеќе и траеле подолго од планираното
19/05/2023
12:45
Македонија
Одбележување на Светскиот ден на пчелата 2023: Сите зависиме од опстанокот на пчелите
19/05/2023
12:42
Последни објави
Балкан
Парламентарни избори во Грција: Денеска предизборен молк, гласаат Грците во странство
20/05/2023
08:48
Скопје
Времен режим на сообраќај на улицата „Даме Груев“ во Центар
20/05/2023
08:31
Македонија
Времето денес сончево и топло со мала до умерена облачност
20/05/2023
08:29
Култура
„Фолтин” ја разигра Тирана
19/05/2023
22:59
Свет
Тим Скот, единствениот црн републиканец во американскиот Сенат, ќе се бори за номинација на партијата за претседател на САД